Marigold Box европскиот бенд на Нирвана од Бергамо, Италија, утре вечер ќе настапува во Скопје.
Трибјут бендот Marigold Box е целосно посветен на легендарните песни на бендот од Сиетл, NIRVANA. Без костими, без перики, само вистинската суштина на Курт Кобејн. Се смета за меѓу најдобрите Nirvana трибут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во цела Германија – Thunder Rail Festival, како и во познати клубови во Швајцарија, Србија, Италија.

Тие ја враќаат моќната и верната музика во живо на Курт Кобејн и Нирвана со огромно шоу во живо.
Концертот ќе биде во Лабораториум Скопје, 22 февруари, со почеток од 20:30h. Билети во продажба на www.drugastrana.mk или на влез пред концертот.