Дејв Грол и останатите членови на Нирвана, Крист Новоселиќ и Пат Смијр, се вратија на сцената на добротворниот концерт Фајр ејд (FireAid).
Оваа дефинитивно беше големо изненадување и врв на вечерта, а гостувачките вокалисти, меѓу кои беа Сент Винсент, Ким Гордон (Соник Јут), Џоан Џет и ќерката на Дејв Грол, Вајолет Грол, му дадоа посебен шарм на овој настап, пишува Форбс.
Освен што ова беше првпат бендот да се собере по повеќе од деценија (последен пат беше во 2012 година со Пол Макартни), ова беше и прв јавен настап на Дејв Грол откако во септември 2024 година се најде во центарот на медиумската внимание поради својот приватен живот, а не поради музиката.
Ќерката на Грол се придружи на бендот за да ја изведе „All Apologies“ како последна песна во сетот, што изгледаше како важен момент, особено бидејќи Грол беше критикуван откако призна дека добил вонбрачна ќерка.