Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денеска изјави дека Гренланд попрво би останал дел од Данска отколку да стане територија на Соединетите Американски Држави.
Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, Ларс Локе Расмусен и Вивиан Моцфелд, утре ќе се сретнат со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и американскиот државен секретар Марк Рубио, откако американскиот претседател Доналд Трамп неодамна ги засили заканите дека ќе го преземе Гренланд – автономна територија на Кралството Данска, пренесува Ројтерс.
„Но, Гренланд не е на продажба и не сака да ѝ се приклучи на САД“, изјави Нилсен на заедничка прес-конференција во Копенхаген со данската премиерка Мете Фредериксен.
