Никој не го гледа филмот за Роби Вилијамс во САД, бидејќи Американците не знаат кој е тој

Америка само пред неколку недела дозна за Роби Вилијамс. Тоа не е поради нов албум или некој добар настап, туку поради новиот филм за животот и кариерата на пејачот во кој тој е претставен како шимпанзо.

Во неговиот биографски филм „Подобар човек“, кој ја раскажува приказната за бурното патување на Вилијамс до суперѕвездата, главниот лик наместо од актер е толкуван од компјутерски генерирано шимпанзо. Но додека повеќето во Европа се прашуваа зошто Роби Вилијамс е глумен од мајмун, Американците се прашуваа кој е Роби Вилијамс?

Првото прашање е веќе одговорено и од Роби Вилијамс и од режисерот, но за второто прашање е тешко да се најде одговор, не затоа што славата на Вилијамс е езотерична на кој било начин, туку затоа што Американците едноставно… не го разбираат .

Сосема очекувано, филмот не е најодбро примен во кината во САД, што е уште една пропадната прилика Вилијамс да се пробие во Америка во текот на неговата 30-годишна кариера.

Сепак, тоа што е чудно е што Американците, веројатно навредени што некој кој не е познат таму добива биографски филм, се радуваат што филмот не ги остварува очекувањата.

И додека во САД не го разбираат Роби Вилијамс, во Европа и во неговата родна Велика Британија тој продолжува да биде еден од најдобрите пејачи на денешницата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни