Неговото вистинско име е Николас Ким Копола, а во интервју за Wired во 2023 објави дека додека работел на тинејџерска комедија во 1982 година бил изложен на непријатни коментари поради своето име.
Кејџ е син на Август Копола и Џој Вогелсанг и тој е внук на популарниот режисер Френсис Форд Копола, кој е најпознат по режијата на филмовите како Кум, Апокалипса денес и Дракула. Поради тоа Кејџ бил често на мета на неговите колеги.
Кога бил на снимање, колегите се шегувале дека „го сакаат мирисот на Николас наутро“, алудирајќи на филмот Апокалипса денес. Таквото поврзување му пречело на Кејџ бидејќи сакал да избегне да биде поврзуван со режисерот и да гради свој идентитет во индустријата.
„Тоа ми отежнуваше и помислив дека не ми треба тоа“ рече актерот.
Поради тоа тој го променил презимето во Кејџ, инспириран од стрип-јунакот Лук Кејџ и авангардниот композитор Џон Кејџ.
Тој кажува дека правно се уште се вика Николас Копола, но дека лично е Николас Кејџ.
„Си ја сакам фамилијата и сите нивни достигнувања, но како млад актер морав да се ослободам од тој притисок на аудициите, морав да се фокусирам на ликот и аудицијата, а презимето ми создаваше дополнителен притисок. Промената на името ми даде слобода да станам тоа што сакав“ рече Кејџ.
Извор: Н1