Никола Тесла е еден од најголемите научници на крајот на 19-тиот и 20-тиот век, најпознат по неговиот придонес во дизајнот на современиот систем за наизменична струја.
Тој бил физичар, механичар и електро инженер, пронаоѓач и визионер кој поседува извонредна меморија. Зборувал осум јазици и имал 300 патенти до крајот на својот живот.
Неговото наследство доживеа големо заживување во последните години – името Tesla стана „технолошка мода“ затоа што се користи за името на познатата компанија токму поради тоа што неговите предвидувања за моќта и комуникацијата се остварија, пренесува Nova.rs , во интервјуто на Џони Б.
Во интервјуто тој во основа сумираше како ќе изгледа модерниот паметен телефон. Сето ова го кажа пред 98 години.
„Кога безжичното ќе се примени на совршен начин, целата земја ќе се претвори во огромен мозок, што всушност е, и сите нешта се честички на вистинска и ритмичка целина. Ќе можеме веднаш да комуницираме меѓу себе, без оглед на оддалеченоста. Не само ова, туку преку телевизија и телефонија совршено ќе се гледаме и слушаме како да сме лице в лице, и покрај оддалеченоста од илјадници километри; и инструментите преку кои ќе можеме да го направиме тоа ќе бидат неверојатно едноставни во споредба со нашиот сегашен телефон. Маж ќе може да го носи во џебот од елекот“, пренесува „Big Think“, а целото интервју за магазинот Collier е во дигиталната архива во „The Library of Consciousness“.