Никола Ристановски со награда „Актер на вечерта“ на фестивал во Пожаревац

Стручното жири и жири-комисијата на публиката беа едногласни во оценката дека Ристановски треба да биде лауреат на втората фестивалска вечер

На втората вечер од јубилејните 30. Глумачки свечености „Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац, наградата за најдобар актер на вечерта му припадна на Никола Ристановски за улогата на професорот Мишел Бабиќ во претставата „Уна“, на Звездара театарот.

Стручното жири и жири-комисијата на публиката беа едногласни во оценката дека Ристановски треба да биде лауреат на втората фестивалска вечер, за улогата во делото направено според мотиви од роман на Момо Капор.

„Уна“ премиерно беше изведена во октомври минатата година на сцената „Данило Бата Стојковиќ“ во Звездара театарот. Текстот го напиша Стеван Копривица, а режијата ја потпишува македонскиот режисер Дејан Пројковски.

За Ристановски ова е второ признание за улогата во „Уна“, по наградата за најдобро актерско остварување на 34. „Денови на Зоран Радмиловиќ“ во Заечар во 2025 година.

Костимограф на „Уна“ е Ивана Ристиќ, а музиката ја компонираше Горан Трајкоски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни