Никола Бочваров квартет го објави албумот „Ентропија“

Концертна промоција на „Ентропија” е најавена за наредните два до три месеци, со очекување да се одржи во Скопје до крајот на пролетта

Денеска, во кафе бар Синдикат, се одржа слушачка промоција на новиот албум „Ентропија” на Никола Бочваров Квартет, со што официјално беше означен почетокот на неговиот живот пред публиката.

„Ентропија” е второ издание под името Никола Бочваров Квартет и претставува 51 минута современ џез, изведен од квартет во состав: Иван Петровски (гитара), Александар Ванчовски (тапани), Филип Димишковски (клавијатури) и Никола Бочваров (бас). Албумот е снимен во два различни амбиенти – дел од композициите во студиото „Алшар” во Скопје, а дел во живо во Малата сала на Македонската филхармонија, што му дава изразен контраст меѓу интимна студиска структура и концертна енергија.

Авторски, „Ентропија” е дело на Никола Бочваров, со вклучени композиции поврзани со творештвото на Ристо Вртев, изведени како омаж на неговата музика.

Албумот е издаден исклучиво дигитално, преку платформата Bandcamp, каде е достапен за streaming и download во високо-квалитетни аудио формати. Со оваа одлука, авторот свесно го позиционира изданието во современиот контекст на независно музичко издаваштво и директна комуникација со публиката.

Концертна промоција на „Ентропија” е најавена за наредните два до три месеци, со очекување да се одржи во Скопје до крајот на пролетта.

Албумот „Ентропија” е објавен на 30 јануари 2026 година и е достапен преку Bandcamp на следниов линк. Entropy | Nikola Bochvarov Quartet

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни