На натпреварот учествуваа вкупно 21 бармен од цела Македонија. Во многу квалитетен и интересен натпревар првото место го освои младиот Никола Анастасијески од Скопје. Второто место му припадна на искусниот Васил Пеевски, а трет беше Вања Головски.
Никола ќе ја има честа да ја претставува Македонија на светското првенство на бармени кое оваа година ќе се одржи во Картагина, Колумбија во ноември.

Првенството на бармени уште еднаш покажа дека Македонија има одлични бармени и дека оваа професија има светла иднина.