Нико П. Този еден од првите истакнати македонски применети уметници и дизајнери

Со својата занаетска прецизност, културна втемеленост и доследност, Нико Този остави траен белег во развојот на македонската применета уметност и дизајн, поставувајќи високи професионални и естетски стандарди за идните генерации.

Нико П. Този (Охрид, 1924-?) е истакнат македонски уметник и дизајнер од областа на применетата уметност и визуелните комуникации. Образованието го стекнал во Охрид, Русе и Скопје, со специјализација во иконографска и применета уметност. Како учесник во НОВ и подоцна како ликовен педагог и културен работник, активно придонесувал во развојот на македонската култура по Втората светска војна. Автор е на бројни книги, повелби, плакети, амблеми и други применети творби. Неговото дело се одликува со спој на современ дизајн и македонска традиција, со особено внимание кон кириличното писмо. Добитник е на повеќе државни признанија и ордени.

Лично лого на Нико П Този

Творештвото на Нико Този

Тој ја истакнува потребата при секојдневното човечко општење со предмети, форми, бои и знаци да се обликува како спој на функција и естетика, односно како хуманизирана форма на комуникација што претставува суштинска потреба на современиот општествен живот.

Творечкиот профил на Този е резултат на рано и длабоко формирана ликовна чувствителност, израсната во културното наследство на Охрид, како и на систематско образование во областа на применетата и ликовната уметност. Од Училиштето за применета уметност во Охрид, преку студиите по историја на уметноста и ликовно воспитување во Скопје, до активното учество во НОВ, Този гради комплексен авторски идентитет во кој уметноста се сфаќа како општествено ангажирана дејност.

Неговото творештво е во голема мера условено од изгледот и функцијата, но токму во тие рамки Този успева да создаде високо вреднувани решенија во областа на симболите, амблемите, плакетите, повелбите, книгите и просторното обликување. Карактеристично за неговиот пристап е спојот на современи дизајнерски принципи со елементи од македонската средновековна и фолклорна традиција, особено преку сопствено развиен ликовен јазик и специфична обработка на кириличното писмо.

Со својата занаетска прецизност, културна втемеленост и доследност, Нико Този остави траен белег во развојот на македонската применета уметност и дизајн, поставувајќи високи професионални и естетски стандарди за идните генерации.

IV фестивал на детското поетско творештво (корица) 

Разговор со ликовниот уметник Нико Този

ВРСНИК СО БРИГАДНИТЕ ВЕСНИЦИ

Републичкиот одбор за „Месецот на книгата“, на предлог од Друштвото на ликовните уметници на Македонија, годинава го награди ликовниот уметник – графичар Нико Този, по повод 25-годишнината од неговата активна и континуирана дејност во областа на ликовната и графичка опрема на книгата, обликувањето на корици и слично.

Вчера разговаравме со Нико Този и се интересиравме за неговата ликовна дејност во областа на таканаречената визуелна комуникација.

– Моите први илустрации, ни рече уметникот Нико Този, се врсници со првите партизански бригадни весници. Потоа моите илустрации продолжија во првите детски весници, списанија и книги што се појавија на македонски јазик по ослободувањето. Во текот на изминатите 25 години имав можност по пат на конкурс да станам автор на ликовната опрема на голем број книги, брошури, плакати, туристички проспекти, каталози, покани, заштитни знаци, календари, споменици, амблеми, репрезентативни книги, повелби, дипломи, ревии и слично.

Ќе споменеме дека Нико Този ликовно ги опремил повелбите за шефовите на странските земји што дадоа помош за Скопје, потоа повелбите за првите членови на АСНОМ, МАНУ и за почесните граѓани на Скопје. Този е автор на спомениците за јубилејните прослави на Климент Охридски и Скопскиот универзитет. Ликовно ги опремил и првите изданија на МАНУ, а за наградата беше предложен за ликовната опрема на „Зборникот на книгоиздателството Просветно дело“, „Колекцијата ликовни творби на децата од Македонија“ и други.

Детска недела (лого амблем) 

Ликовното обликување е мошне значајно за книгата: Нико Този

Што претставува за вас ликовното обликување на книгата?

– Една од значајните компоненти за подемот, афирмацијата и егзистенцијата на книгата. За да може што подобро да биде обликувана книгата, уметникот е должен пред сè да воспостави контакт со авторот, а тој контакт е најавтентичен кога уметникот студиозно ќе ја разгледа книгата, а тоа овозможува во финис да ја обликува ликовно. Тогаш уметникот одлучува дали текстот ќе го придружи со цртеж, графика или слика. Јас прво се трудам да ја почувствувам книгата и потоа моето чувство продолжува во интенцијата книгата да биде ликовно обликувана според современите императиви на дизајнот.

Ликовниот уметник Нико Този е познат и како автор на повеќе учебници од областа на ликовното воспитување: „Примена графика“, „Учебник по цртање за основни училишта и гимназии“ и учебниците „Детскиот свет во линија и боја“, „Детскиот ликовен свет во волумен и хоризонт“ (во соработка со Ванчо Георгиев) и други.

Разговорот го водел: Т. Ширилов

Користени се информаци од публикацијата Нико П. Този • ВИЗУЕЛНИ КОМУНИКАЦИИ — ДЛУПУМ • редакциски одбор, подготовка на каталогот и организација на изложбата: С. Абаџиева

Скопје, февруари 1977

Линк.

Разговорот е објавен во дневниот весник Вечер, 27 март 1971 година.

Превземено од Окно/ Небојша Гелевски

Ѓорѓи Абаџиев, Епопејата на Ножот, 1951,ИП Илинден корица Нико П. Този – Абаџиева Соња

Едиција книги

За радосно детство (корица) (

Извидник (корица за списание) 

Иницијалот А – дизајн на лого

(Само) жртвувањето на Македонците под Грција 1945-1949 (корица) 

Македонија (корица) 

Македонска книжевна критика (корици за едиција) 

На пругорнината (корица) 

Охридско лето (амлем) 

Палавото Зајче (илустрации и дизајн) 

Плакета Југо Тутун

Современи Македонски раскази (корица) 

Учебник за цртање (корица) 

Фото и кино сојуз на Македонија 

македонска уметност / графички дизајн / Нико П. Този

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни