Најубавата жена на светот ќе наполни 60 години: И завидуваат и помладите 

Познатата манекенка Синди Крафорд (58) уште еднаш ја оправда титулата на една од најзгодните и најубавите манекенки на сите времиња. Крафорд е фотографирана на плажа во градот Канкун, Мексико, каде ужива на сонце и плива. Манекенката за на плажа избра огнено црвено бикини во кое ја покажа импресивната фигура, а многумина го забележаа нејзиниот младешки изглед. Бикинито го искомбинирала со црни очила за сонце и едноставен накит. 

Синди ја одржува својата завидна фигура со ригорозни тренинзи и исхрана, а позната е и како поборник за природна убавина и никогаш не била подложена на естетски зафати. На одмор ѝ се придружи и нејзиниот сопруг Ранди Гербер, со кого се запознала кога сè уште била во брак со нејзиниот поранешен сопруг Ричард Гир. Нејзината кариера започна во осумдесеттите, а набрзо се здоби со статус на еден од оригиналните супермодели. Многумина ја сметаа за најубава жена на светот. 

Сепак, Синди неодамна призна дека никогаш не го „дефинирала“ терминот „супермодел“. 

„Се сеќавам на првиот пат кога го слушнав тој термин и мислев дека е смешен. Беше единствен во осумдесеттите и деведесеттите. Немавме социјални мрежи, бевме само дводимензионални слики на насловните страници на списанијата“, рече таа. 

За време на нејзината кариера, Крафорд позираше за бројни насловни страници. Исто така, таа глумеше во многу реклами, а една од најпознатите е рекламата за Пепси. Се разбира, таа беше најпозната по модните ревии за брендови како што се Шанел и Версаче. Денес, Синди се занимава со претприемништво, а во 2021 година лансираше сопствена линија на производи за коса.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни