Ник Кејв се моли за крај на војните во Украина, Газа и Судан

Рок-музичарот Ник Кејв изјави дека во своите молитви за 2026 година бара мир во светот и крај на конфликтите во Украина, Газа и Судан.
Ник Кејв настапува на концерт
Фото: Kim Erlandsen, NRK P3

Рок-музичарот Ник Кејв изјави дека во своите молитви за 2026 година посакува мир во светот и добро за сите луѓе, особено за оние во неговото најблиско опкружување, кон кои чувствува одговорност и длабока грижа.

Одговарајќи на прашање од обожавателите за тоа за што се молел за 2026 година, Кејв на својата веб-страница redhandfiles.com напиша дека неговите молитви во последно време наликуваат на оние што се изговараат во црква, во недела.

„Започнувам со широка молитва што го опфаќа светот во целина, барајќи крај на несреќите и насилството, а потоа таа станува сè поконкретна“, наведе Кејв.

Музичарот посебно ја истакна својата желба за завршување на конфликтите во Украина, Газа и Судан, нагласувајќи дека мирот и човечкото достоинство остануваат негови најголеми надежи за годината што претстои.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни