Нигериската армија уби 19 членови на банда во државата Кано

Операцијата е дел од поширока воена кампања за спречување на зголеменото насилство во северна Нигерија, убиени се 19 членови на банда во државата Кано

Нигериската армија денеска соопшти дека 19 вооружени членови на банда се убиени во вооружен конфликт во федералната држава Кано.

Портпаролот на армијата, Бабатунде Зубаиру, во соопштението изјави дека двајца војници и еден локален волонтер, исто така, загинале во воената операција, јавуваат британските медиуми.

Судирите избувнаа во Шенон, каде што војниците, поддржани од други безбедносни агенции, извршија рација во скривалиште на бандити.

Операцијата е дел од поширока воена кампања за спречување на зголеменото насилство во северна Нигерија, каде што вооружени групи убија и киднапираа илјадници луѓе во последните години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни