Ние сме шампиони: Атлетите на Специјалната олимпијада ги победија предрасудите

Адмир Дупљак: „Се чувствувам како шампион, зашто сакам победи. Јас никогаш нема да попуштам пред никого. Секогаш се трудам да бидам подобар, да ги постигнам своите цели и да стигнам до највисокото ниво.“

Адмир Дупљак и Јане Никодиновски, атлети на Специјалната Олимпијада, се вистински пример за храброст, посветеност и победнички дух. Тие не само што се шампиони во спортот, туку и во животот, покажувајќи дека предрасудите не можат да ги ограничат оние кои имаат големи соништа.

Адмир Дупљак: „Се чувствувам како шампион, зашто сакам победи. Јас никогаш нема да попуштам пред никого. Секогаш се трудам да бидам подобар, да ги постигнам своите цели и да стигнам до највисокото ниво.“

Адмир вежба повеќе спортови – од пливање и фудбал до кошарка, а сега се справува и со нови дисциплини. Со својот труд и дисциплина, тој покажува дека успехот не е само талент, туку и упорност.
Јане Никодиновски: „Мене ми беше убаво во Америка, Дубаи и Кина. Таму имав можност да прошетам, да запознам нови пријатели и да видам убавини што ќе ни останат за цел живот. Од специјалната Олимпијада, во бадмингтон сум најдобар – во Германија освоивме третo место, а во Кина второ место во пинг-понг. Секој тренинг е важен за мене.“

Марјан Стојановски, тренер на Специјалната Олимпијада: „Адо и Јане се шампиони на рушење бариери. Имаат големо срце, мотивација за победа и никогаш не пропуштаат тренинг. Тие се инспирација за сите нас и пример дека со труд и посветеност можеш да постигнеш сè.“

Овие млади спортисти покажуваат дека Специјалната Олимпијада не е само натпревар, туку платформа за докажување дека вистинската победа е кога се рушат предрасуди и се остваруваат соништа.

Инспирирани од кампањата „Направи Место“ на Македонски Телеком, ги надминуваме предрасудите и ги рушиме бариерите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни