Со фотографии од загинатите чеда во рацете, родителите, семејствотата, пријателите и јавноста, граѓаните на Кочани излегоа на осмиот по ред марш преку кој се упати порака дека се уште се чека правда.
Овојпат тие испратија порака: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“, а на протестот освен жители на Кочани, дојдоа и од други градови.
Ова е осми по ред марш кој го организираат и велат дека ќе маршираат колку што треба за да добијат правда за загубите.
Тие не ја кријат болката, а очекуваат јавноста да ја почувствува и да застане рамо до рамо со нив, за ваква трагедија никогаш да не се повтори.
На 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 62 главно млади лица, а околу 200 беа повредени.
Јавното обвинителство пред неколку денови информираше дека истрагата е завршена, но за сега се уште нема обвинителен акт.