Nick Cave првпат во Скопје – Зоки Бејбе вели: „како да се враќа дома“

Легендарниот австралиски музичар Nick Cave ќе настапи за првпат во Македонија, благодарение на Авалон. Настанот е повеќе од концерт – за многумина во Скопје тој е симбол на авангардата, поезијата и рок чувството што ја обликуваше локалната културна сцена, пишува Зоки Бејбе на социјалните мрежи.

„Nick ми е така убав, скоро суреален настан за Скопје. Ме потсетува на Стотројка во првите години, на читање буклети и идентификување со емоции на кои порано ‘името не им го знаевме’ – како цел живот да бил тука, а сега конечно се враќа,“ вели диџејот Зоки Бејбе, кој на социјалните мрежи сподели лична порака за значењето на концертот.

Настапот на Cave и неговиот бенд ќе биде едно од најзначајните музички случувања за македонската публика оваа година – првпат да се слушне неговата поетска моќ и темниот рок во жива изведба на домашна сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни