Nick Cave and the Bad Seeds се враќаат во Австралија по девет години

Рок легендата Ник Кејв конечно ги носи своите Bad Seeds назад дома, со првата австралиска турнеја по речиси девет години.

Долгoочекуваната „Wild God“ турнеја, во чест на 18-тиот албум на бендот, започнува на 17 јануари во Fremantle Park, а потоа продолжува во Аделаида (20 јануари), со два концерти во Сиднеј (23 и 24 јануари), настап во Бризбејн (27 јануари) и завршува со три концерти во Мелбурн (30 и 31 јануари и 1 февруари).

Еден среќен фан од Нов Јужен Велс веќе доби место на гостинската листа за еден од концертите во Сиднеј, откако Кејв ја откри веста преку своето редовно писмо The Red Hand Files, каде одговара на прашања од обожаватели.

„Вашата сопруга ќе го обожава! Ќе биде големо, диво и навистина прекрасно,“ им порача Кејв на фановите од Австралија.

Музичарот призна дека најмногу му недостигаат австралиската публика и чувството на „духовно враќање дома“ кога ќе излезе на сцена.

„Wild God“ турнејата веќе доби одлични критики на распродадените концерти низ Европа и Америка.

Продажбата на билети започнува на 29 август во 10 часот преку nickcave.com.

Извор: News.com.au

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни