Сообраќајна несреќа се случила денес во близина на Полумир во Ибарската клисура (близу Краљево), кога, според Н1, автобус од Рашка со поддржувачи на СНС удрил во ограда покрај патот.
Засега не е познато дали има повредени и што ја предизвикало несреќата, пишува Н1.
За потсетување поддржувачите на СНС денес тргнаа од неколку места во Србија на организиран митинг што се одржува во 17 часот пред српскиот Парламент во таканаречениот „чациланд“.
Собирот на прогресивците се случува на четвртиот ден откако Дијана Хрка , мајката на Стефан Хрка, младиот човек кој почина при падот на кровот на железничката станица во Нови Сад, започна штрајк со глад од другата страна на оградата веднаш до Собранието.
Насобраните во „Чациланд“ постојано ги провоцираат граѓаните кои дојдоа да ја поддржат Хрка, а тензиите ескалираа една вечер, кога летаа столчиња и факели па полицијата мораше да интервенира за да ги смири присутните граѓани.
Во Србија, особено Белград и Нови Сад повеќе од една година се организираат различни протести, собири и маршеви по падот на настршницата на Железничката станица во Нови Сад каде загинаа 16 лица.