Изразувајќи најдлабоко сочувство и солидарност, Независниот академски синдикат во своето соопштетни до јавноста бара одговорнос.
„Со најдлабоко сочувство и солидарност,Со неизмерна тага ја примивме веста за страшната трагедија што го погоди Кочани. Бројот на загинати и повредени нè остава во шок на неверување и длабока болка. Со огромно жалење информираме дека меѓу загинатите е и нашата членка проф. м-р Сара Пројкоска, вонредна професорка на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. Губитокот е ненадоместлив, а нашите мисли се со нејзиното семејство, пријатели и колеги. Најискрено сочувствуваме со сите што загубија блиски и изразуваме надеж за брзо закрепнување на повредените. Во овие тешки мигови, потребни ни се солидарност, хуманост и заедништво. Време е да покажеме поддршка на оние што изгубија најмногу, на оние што се борат за живот и на сите што ќе ги носат последиците од оваа страшна ноќ. НАкС ќе биде тука да помогне – на своите членови, но и на сите колеги и граѓани – со сите капацитети што ги имаме“, пишува во соопштението.
Од таму порачуваат ‘Бараме и одговорност’
„Бидејќи ова не е само трагична несреќа – ова е последен во низата настани кои можеле да бидат спречени и кој одново укажува на нефункционален систем. Општествената децениска неодговорност и негрижата ги земаат своите жртви. Нашата порака е јасна: треба да се избориме за систем што ќе го заштити животот“, велат од НАкС.