На 5 декември во Младинскиот културен центар во Скопје, е одржа премиерната изведба на театарската претстава „Глад“, на авторскиот тим составен од режисерката Хана Миленковска, драматургот Калија Киселички и композиторот Ади Имери. Овој спој на креативни млади луѓе ја поставија на сцена драмата што се занимава со ненаситноста и гладта, од емоционална и физичка гледна точка. Делото се стреми да посочи дека циклусот на гладта не е изолиран, туку дека всушност претставува една вечна борба на човекот и колективите.
-Повеќето од мојата работа е социјална ангажирана и се занимавам со теми кои што ја засегаат заедницата и некако после се она што претходно го правев, природен сплет на работите беше да се занимавам со оваа тема. Она што ми беше првична точка беше занимавање со дикотомијата помеѓу гладта и изоблието. Значи како ние луѓето да речеме од средната класа можеби живееме некаков привид на избор и на изобилие и гледаме рецепти на инстаграм додека нашите сограѓани или солуѓе на други делови од светот се соочуваат со немаштија. Исто така една од појдовните точки во поглед на тоа зошто да се занимавам со оваа тема е еден податок до кој што дојдов случајно статистички, кој говори за тоа дека 40 проценти од нашите сограѓани во оваа земја се соочуваат со неможност да си дозволат повеќе од еден квалитетен нутритивен оброк на ден. И некако си мислиш кои се тие луѓе, каде се тие луѓе, тоа сме ние? Тоа се сите околу нас, тоа се нашите сограѓани и таа илузија на изобилие и таа потреба да се конзумира за да се пополнат празнините кои ги остава системот и празнините кои што ги остава нашата емоционална неписменост, можеби тоа беа некакви појдовни точки за развојот на идејата на претставава. Нормално потоа со ко – авторите и со актерите од претставата ја доразвивме идејата во ова што е сега вели режисерката Хана Миленковска.

Наша задача, вели таа е да соочиме или да помогнеме да се отвори нова перспектива.
-Не би сакала да бидам суетна да кажам дека ова е нешто со кое што ние ќе подучиме некого на некаква поента. Но важно е за мене. Би сакала да неморав да се занимавам со социјално ангражирана уметност, да живеам во општество каде што таа не е неопходна. Го чувствувам како неопходно. Моите соработници го чувствуваат како неопходно и мислам дека, се додека има за што да се бориме и се додека го чувствуваме поривот да градиме подобра заедница ќе правиме таква уметност- вели Хана.

Актерите Лео Поповиќ, Дениз Ајдаревиќ, Марко Младеновиќ, Филип Миленкоски и Димитар Паскоски во драмата изнесуваат микрокосмос од сложени човечки емоции и односи, во мноштво од контексти, кои на драмско-музички основ ќе ги доближат позициите на (над)моќ, страдание, заедништво и борбена истрајност во еден свет во кој изобилието го уживаат малкумина, додека пак, гладта непрестајно владее.
– Како форма, глад е доста тензична брза претстава за новиот човек со краток распон на вниманија. Ние ја викаме како мини серија во претстава затоа што содржи многу различни парчиња кои што се обидовме да ги спакуваме некако во една кохерентна целина – вели Хана.
„Глад“ е проект на уметничката продукциска организација Атриум Aтриум, граѓанска организација за култура и уметност, активна во полето на уметничките и социопсихолошките истражувања. Отворени се кон интердисциплинарни проекти, со цел да предизвикаат промена на перцептивно и искуствено ниво.

– Глад започна практично со заедничката работа на авторскиот тим кој што се состои од Хана Миленковска како режисерка, Ади и Мери како композитори, Калија Киселички како драматург. Всушност тогаш се почнаа подготвителните процеси за создавање на делото, при што се вклучија и актерите понатаму, меѓу кои се Димитар Паскоски, Марко Младеновиќ, Дениз Едаревиќ, Филип Миленкоски и Лео Поповиќ. Во изминативе 3 месеци доста и неуморно се работеше во текот на процесот. Претставата се игра во Младинскиот Културен Центар каде ни го отстапија просторот, бидејќи сосем искрено и неизбежно ќе споделам дека на независната сцена е предизвикувачки да се работи, бидејќи се соочуваме доста со предизвик од изнаоѓање простор, а од друга страна исто за да се забележи некоја си да речам конзистентност во самиот процес на создавање, да не се соочуваш со разни предизвици кои што може да се прелеат и да се рефлекираат- вели Дино Чупевски е уметнички продуцент на Атрум.
Според Дино, на ниво на целокупниот сектор култура се намалуваат средствата, но сепак покрај можност да се изнајдат дополнителни средства за продукција на делата. Дали било тоа од комерцијални ентитети, од надворешни странски компании, сепак не е сето доволно за да се овозможи соодветен третман на независната сцена.
-На ниво на сектор, сметам дека особено се деградира денешниот уметник и културен работник со оглед на тоа дека има тотална нестабилност во секторот од една страна, од друга страна се соочуваме и гледаме доста простори кои што зјаат неискористени или пак гледаме простори кои што се оставени да бидат на маргини во целост, а паралелно во очи и пред очи практично ни е европската престолнина на културата што ја имаме како титула во градот Скопје. И сето тоа вака ако го спакувам, сметам дека повторно се твори. Искрено тешко е, нема да бидам неискрен ќе кажам дека не е навистина едноставно. Независната сцена се занимава со деконструирање на разни норми и стереотипи кои што постојат долго време и на нашиот простор и воопшто глобално. Не сме ние некој не знам си каков исклучок кој што не се соочува со разни предизвици. И во поглед на стиматизација на маргинализирани групи. И во поглед на дискриминација и говор на омраза и така натаму, но сметам дека се тоа теми кои што се отовораат неретко во независниот сектор. А конкретно во Глад, особено успешно успеа да ги постави практично тие паралели помеѓу, позициите на моќ над поединецот и колективите и паралелно во таа некоја си константна, и борба за опстанок од една страна, ама и Глад всушност и од физички и од емоционален аспект, во разните облици со кои што се соочува современиот човек и ние сите. Така што сметам дека генерално и во поглед на колегите кои што творат во секторот се отвораат доста битни теми. Ни е неопходно да продолжиме неуморно и понатаму да твориме со цел да, ете приближуваме некои нови, да се обидеме да приближиме некои нови позиции на перципирање на нештата- вели Дино.