Експертите за деменција ја открија прецизната возраст кога треба да ги оставите настрана пивото, виното и жестоките пијалоци со цел да се заштитите од Алцхајмеровата болест во подоцнежниот живот.
Американскиот невролог д-р Ричард Рестак советува дека конзумирањето алкохол треба значително да се намалува од 65-та година натаму.
Се вели дека дури и само еден или два алкохолни пијалоци на секои неколку недели го забрзуваат оштетувањето поврзано со стареењето во нервните клетки во нашиот мозок.
„Алкохолот е многу, многу слаб невротоксин – но, не е добар за нервните клетки“, пишува д-р Рестак во својата книга „Целосен водич за меморија: Наука за зајакнување на вашиот ум“.
„Од суштинско значење е да се воздржите од алкохол во фаза од животот каде зачувувањето на невроните е од клучно значење. Мојот предлог е ако имате 65 години или повеќе, целосно и трајно да го исфрлите алкохолот од вашата исхрана“, д-р Рестак, кој е поранешен претседател на Американската невропсихијатриска асоцијација.
Тој посочува дека после 65-тата година од возраста ризикот од деменција се покачува за пет пати.
Деменцијата е тековно губење на мозочното функционирање кое на болните им ги одзема сеќавањата, способностите и независноста.
Се смета дека речиси еден милион Британци живеат со деменција, односно околу еден од 14 луѓе на возраст над 65 години.
Сепак, се предвидува дека бројката ќе се искачи на речиси 1,5 милиони во наредните децении бидејќи населението продолжува да старее.
Ова се случува кога алкохолот ја нарушува способноста на телото да апсорбира хранлива состојка наречена витамин Б1, познат и како тиамин, кој е од витално значење за одржување на здрави мозочни клетки.
Добротворните организации, како Alzheimer’s Research UK, проценуваат дека половина од случаите на деменција ширум светот може да се спречат или значително да се одложат ако луѓето го намалат пиењето.