Невролог: Сакате да го забавите стареењето на мозокот? Јадете ги овие шест намирници почесто

Исхраната што го поддржува мозокот не се гради преку ноќ, но малите секојдневни избори имаат огромно влијание

Здравјето на мозокот не зависи само од добар сон или решавање загатки – туку и од правилна исхрана. Според американските нутриционисти, исхраната има клучна улога во забавување на когнитивното стареење и превенција на болести поврзани со возраста.

Исхраната што го поддржува мозокот не се гради преку ноќ, но малите секојдневни избори имаат огромно влијание. Во продолжение ги издвојува шесте намирници што, според неа, најмногу придонесуваат за здрав мозок:

Боровинки

Боровинките се вистински природен лек за мозокот. „Богати се со антоцијани – соединенија што го намалуваат оксидативниот стрес и воспалението, два клучни фактори за когнитивен пад,“ велат нутриционистоте.

Како да ги јадете? Додајте ги во овесна каша, јогурт, смути или јадете ги самостојно.

Темно чоколадо

Умереното консумирање темно чоколадо е одлично за мозокот. „Содржи флавоноиди што го подобруваат протокот на крв во мозокот и го поддржуваат учењето и помнењето,“ објаснуваат докторите. Помага и за подобро расположение.

Совет: Комбинирајте го со шумско овошје или растопете го како прелив за банани.

Масна риба (лосос, скуша, сардини)

„Масната риба е богата со ДХА – омега-3 масна киселина што е клучна за структурата на мозочните клетки,“ вели д-р Курупвила. Редовната консумација е поврзана со побавно стареење на мозокот.

Ореви и други јаткасти плодови

„Особено оревите се одличен извор на алфа-линоленска киселина – растителна омега-3 масна киселина,“ истакнува таа. Истражувањата покажуваат дека редовната консумација на јаткасти плодови е поврзана со подобро когнитивно функционирање кај постарите лица.

Предлог: Додајте ги во салати, житарици или јадете ги како ужинка.

Домати

Доматите содржат ликопен – моќен антиоксиданс кој може да ја премине крвно-мозочната бариера и да го заштити мозокот од дегенеративни болести како деменција. „Термичката обработка го зголемува неговото дејство,“ велат докторите.

Јајца

Јајцата се богати со протеини и клучни хранливи материи. Содржат холин – соединение неопходно за невротрансмитерот ацетилхолин, кој е важен за помнење и учење.

Со вклучување на овие намирници во вашата секојдневна исхрана, може да придонесете за одржување на менталната јасност и здрав мозок низ годините.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни