Невремето од Словенија го погоди северот на Хрватска – силен ветер уриваше дрвја и електрични водови

Вчера, во текот на вечерните часови, северниот дел на Хрватска беше зафатен од силно невреме проследено со силен ветер, кое предизвика значителни материјални штети. Невремето кое дојде од Словенија беше најавено како суперќелијска бура.

Според информациите до 21:50 часот, загрепските противпожарни служби имале вкупно 17 интервенции, а во моментот на последниот извештај од невремсе изведувале уште девет активни интервенции.

Најголем дел од интервенциите се однесуваат на отстранување на паднати дрвја и отстранување последици од силниот ветер. Невремето се движело и над подрачјата на Вараждин, Крапина и Копривница.

Центарот за итни ситуации 112 во Вараждин во периодот од 20:11 до 21:08 часот примил голем број пријави од граѓани поврзани со последиците од невремето во Вараждинската жупанија.

Најчестите дојави се однесувале на:

  • паднати дрвја на сообраќајници
  • оштетени електрични водови

Невремето кое дојде од правец на Словенија, каде што исто така остави траги на уништена инфраструктура, предизвика големи материјални штети во Љубљана и другите делови на земјата. Словенечките медиуми известуваат за прекин на електрична енергија во неколку региони, како и за отежнат сообраќај поради последиците од бурата.

Ситуацијата и понатаму е променлива, а локалните власти и служби апелираат за претпазливост и следење на безбедносните препораки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни