Невремето Дара донесе хаос во Велика Британија: Откажани се возови и летови, граѓаните без струја


Невремето Дара кое ја погоди Велика Британија предизвика големи нарушувања во сообраќајот, со откажување на возови и летови, како и прекини на струја за десетици илјади домаќинства.

Црвено метeo предупредување за силни ветрови е на сила од 1:00 по локално време до 11:00, и опфаќа југозападна Англија и дел од Велс, соопшти британската метеоролошка служба Мет Офис, која ретко издава вакви предупредувања. Невремето е проследено со силен дожд, и околу три милиони луѓе добиле предупредување на своите телефони во кое се повикуваат да останат на безбедно во своите домови.

Министерот за економски прашања Џонатан Рејнолдс изјави за Скај Њус дека ситуацијата е тешка и ги повика граѓаните да не излегуваат и да не се изложуваат на опасност. Ударите на ветерот достигнале 150 километри на час во Велс, соопшти Мет Офис.

Струјата е прекината во 86.000 домаќинства во Англија, Шкотска и Велс, според Асоцијацијата на енергетски мрежи (Energy Networks Association). Листот Белфаст Телеграф јавува дека 45.000 домаќинства останале без струја во Северна Ирска. Откажани се бројни возови, на северот на Велс не сообраќа ниту еден поради паднато дрво на пругата, соопшти операторот Нетворк Рејл Велс.

Во Франција 33.000 домаќинства без струја

Мостовите се затворени поради безбедносни причини поради силните удари на ветерот. Одложени се новогодишните прослави и спортски натпревари, вклучувајќи го дербито меѓу фудбалските клубови Евертон и Ливерпул. Рестрикции за воздушен сообраќај се на сила на лондонските аеродроми Хитроу и Гетвик, соопшти операторот за воздушен сообраќај Ер Трафик Контрол (ATC).

Патниците се повикани да го проверат статусот на својот лет со својата авиокомпанија пред да заминат на аеродромот. Бритиш ервејз откажа најмалку седум летови за Хитроу и од него. Авионите морале да слетаат во Даблин, наместо на својата предвидена крајна дестинација.

Бурата Дара следеше две недели по бурата Берт која погоди голем дел на Велика Британија и предизвика силни поплави во некои делови на Велс како и прекини на струја во илјадници домаќинства во Ирска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни