Денес и наредните денови територијата на Република Македонија ќе биде под силно влијание на циклонската активност од Џенова, која носи серија на влажни воздушни бранови и нови обилни врнежи од дожд. Повеќе региони се наоѓаат под жолта предупредувачка фаза поради очекуваните големи количества воден талог, локално над 30 до 50 литри дожд за 24 часа, како и поради засилениот јужен ветер кој повремено ќе надминува 60 км/час. На поедини места процесите ќе бидат проследени и со громовни нестабилности, а можно е и појава на локално невреме.
Поради високата воденост на реките и почвата, постои ризик од нови локални поплавувања, како и понатамошно зголемување на нивото на реките и езерата. Возачите се повикуваат на претпазливост, особено во близина на водотеци и поплавливи делови.
Во текот на викендот врнежите ќе продолжат, а температурите ќе останат натпросечно високи до сабота поради јужното воздушно струење. Од недела (23 ноември) се очекува продор на значително постуден воздух од север, со што ќе дојде до опаѓање на температурите и трансформација на врнежите од дожд во снег на планините над 1200–1300 метри.
Македонија останува под влијание на силен циклонски период, поради што внимателност и навремена информација се од суштинско значење.
