Невреме во Хрватска, предизвикани материјални штети

Силна бура погоди делови од Осиечко-барањскиот округ и остави илјадници жители без струја поради прекини во електричната мрежа

Големо невреме ја зафати Далмација и други делови од Хрватска доцна синоќа.

Силна бура погоди делови од Осиечко-барањскиот округ, оставајќи илјадници жители без струја поради прекини во електричната мрежа.

Според хрватските медиуми, пожарникарите работеле цела ноќ за да ги отстранат паднатите дрвја и другите пречки од патиштата.

Пожарникарите во Загреб интервенирале на 66 повици. Повеќето од нив вклучувале отстранување на паднати дрвја, лимови и огради, испумпување вода и отстранување на заштитни огради и отстранување на електричен столб.

Во Ријека наврнале дури 170 литри дожд, бројни куќи биле поплавени а паднале и неколку покриви.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни