(ВИДЕО)Апокалиптични сцени во Романија: Силно невреме откорна дрвја, загина една жена

Силна бура го погоди северот на Романија, предизвикувајќи вистински хаос – десетици урнати дрвја, оштетени згради и затворени патишта. Властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат патувања пред невремето.

Најтрагичниот случај се случил во населбата Отопени, Романија каде 49-годишна жена загинала откако дел од покрив од соседна зграда се урнал и паднал во нејзиниот стан. Според раководителот на Одделението за итни случаи, Раед Арафат, жената била на последниот кат кога покривниот елемент провалил низ прозорецот и ја погодил.

Уште две лица се полесно повредени во населбата Сектор 1, откако врз нив паднале гранки.

Во окрузите Илфов и Ѓурѓу, евидентирани се проблеми на најмалку седум локации – урнати дрвја и оштетени покриви на три згради. Два автомобили се оштетени, а службите работат на расчистување на теренот.

Бурата го погодила и сообраќајот – автопатот А1 Букурешт–Питешти е делумно затворен, а во делот кај Болинтин Дел, целосно блокиран во правец кон главниот град.

Локалниот портал Digi24 јавува дека покривот на Полициската академија во Букурешт е целосно урнат, што може да се види и на фотографиите објавени од синдикатот Европол.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни