Невреме на прагот: Циклон од Џенова носи поројни дождови, силен ветер и ризик од поплави во Македонија

И во Скопје и околината следува променливо и нестабилно време со почести врнежи од дожд со променлив интензитет. Во среда и петок, и во главниот град повремено ќе дува засилен југоисточен ветер.

Под влијание на низок воздушен притисок и изразена циклонска активност со центар над Џеновскиот Залив, Македонија ја очекува период на многу променливо и нестабилно време кое ќе трае до крајот на неделата.

Во следните денови ќе има чести и повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни и поројни, а на одредени места ќе постојат услови и за ретка појава на грмежи.

Засилен јужен и југоисточен ветер ќе дува повремено, особено денес и и повторно во петок.

На повисоките планински предели, над 1400–1500 метри надморска височина, врнежите ќе бидат од снег, што ќе придонесе за нов снежен покривач.

И во Скопје и околината следува променливо и нестабилно време со почести врнежи од дожд со променлив интензитет. Во среда и петок, и во главниот град повремено ќе дува засилен југоисточен ветер.

За време на овој нестабилен период, локално може да наврнат над 40–50 литри дожд на метар квадратен, што значително го зголемува ризикот од излевање на реките и појава на поплави низ одредени делови на земјава. Граѓаните се повикуваат на внимателност, особено во подрачја склони кон поплавување.

Температурите ќе останат позитивни насекаде, и во ноќните и во утринските часови. Дневните максимални температури ќе се движат околу 10°C, а на повеќе места ќе надминат и 10 степени, што е надпросечно за овој период од годината.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни