Невработеноста во Германија порасна на 6,2 отсто

Стапката на невработеност во Германија во декември достигна 6,2 проценти, додека над 2,9 милиони лица се без работа. Федералната агенција за труд предупредува на слаб економски замав.

Стапката на невработеност во Германија во декември изнесува 6,2 отсто, а бројот на невработени е зголемен за 3.000 лица во однос на октомври и достигна вкупно 2,908 милиони, покажуваат денес објавените податоци на германската Федерална агенција за труд (BA).

На годишно ниво, бројот на невработени е зголемен за 101.000 лица во споредба со декември 2024 година, додека стапката на невработеност е повисока за 0,2 процентни поени.

На денешната прес-конференција во Нирнберг, директорката на Федералната агенција за труд, Андреа Налес, изјави дека германскиот пазар на труд се соочува со недостаток на економски замав и дека се очекува продолжување на трендот на слаби резултати.

„Во моментов не се забележува значително зајакнување на економската активност, што директно се одразува врз состојбата на пазарот на труд“, истакна Налес, наведувајќи дека неизвесноста во економијата продолжува да влијае врз вработувањата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни