Невидлив трошок – Навика која носи повеќе штета отколку корист

Отворањето прозорци во утринскиот максимум на загадување носи повеќе штета отколку корист, внесува полутанти, зголемува влажност и значително ги подига трошоците за греење.

Додека повеќето луѓе веднаш по будењето ширум ги отвораат прозорците за „да пуштат свеж воздух“, експертите предупредуваат дека токму тој ритуал е еден од најголемите виновници за ладни станови, поголеми сметки и полош квалитет на воздухот во текот на зимските месеци.

Иако интуитивно делува здраво, проветрувањето во погрешно време може драстично да ги влоши условите дома, а последиците се чувствуваат и на буџетот и на квалитетот на престојот во просторот.

Зошто утринското проветрување е проблематично

Експертите за квалитет на воздухот истакнуваат дека периодот помеѓу 8 и 10 часот претставува најлош дел од денот за отворање прозорци. Причината е едноставн, тогаш се јавува најинтензивниот бран на загадување.

Утринската гужва, густ сообраќај, студениот приземен слој и емисиите од автомобили создаваат комбинација од честички кои се задржуваат ниско при земјата. Наместо свежина, во домот влегуваат ПМ честички, издувни гасови и цел низ полутанти кои се бавно распрскуваат.

Истовремено, раните утрински часови обично носат и најниски надворешни температури. Кога се отвораат прозорците, студениот воздух драстично ја намалува температурата во просториите, лади ѕидови, подови и мебел, експертите го нарекуваат овој процес „длабинско ладење на просторот“.

Невидлив трошок од секое отворање прозорци

Покрај тоа што ја нарушува удобноста, утринското проветрување значително ја зголемува потрошувачката на енергија. По наглото ладење на просторот, системите за греење мораат многу подолго да работат за да ја вратат саканата топлина, што доведува до:

– зголемена месечна потрошувачка
– почесто активирање на грејните тела
– побрзо трошење на опремата

Во практика, наизглед краткото проветрување може да стане енергетски најскап дел од денот.

Кога е најбезбедно и најефикасно да се отвораат прозорци

Препораките на експертите се јасни: зиме треба да се избегнува проветрување во раните утрински часови, а наместо тоа да се избира период кога:

– температурите се повисоки
– сообраќајот е намален
– индексот на загадување е поволен

Најчесто тоа е помеѓу 12 и 14 часот, а во некои делови на денот и подоцна попладне, кога воздухот се стабилизира и загадувањето опаѓа.

Како да проветрувате дома, а да зачувате топлина

Експертите советуваат неколку правила:

Кратко, интензивно проветрување (5–10 минути) создава брза циркулација, но не лади ѕидови. Посебно внимание треба да се посвети на кујната, бањата и спалната соба, каде се најмногу акумулира влага. Препорачливо е да се следи индексот на квалитет на воздухот преку апликации и прозорците да се отвораат само кога загадувањето е помало

Становите свртени кон прометни улици треба да користат мирна, заштитена страна на зграда за проветрување.

Клуч за поздрав и потопол дом

Проветрувањето е неопходно за здрав животен простор, но времето кога се прави пресудно влијае на квалитетот на воздухот и стабилноста на температурата во домот. Отворањето прозорци во утринскиот максимум на загадување носи повеќе штета отколку корист, внесува полутанти, зголемува влажност и значително ги подига трошоците за греење.

Со правилен избор на момент и неколку едноставни навики, можно е да се обезбеди чист воздух и топлина, без непотребно оптоварување на домашниот буџет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни