На сите нам ни е добро познато дека обичаите ширум светот се разликуваат, па така на пример, кај нас е сосема нормално да оставите бакшиш во ресторан, но Јапонците никогаш не би го направиле тоа. Овој пат решивме да ѕирнеме накратко во шпанските обичаи…
Излегување со мокра коса
Колкупати родителите ве предупредиле да не се шетате со мокра коса? Па, во Шпанија одамна се откажале од тоа бидејќи Шпанците (како и луѓето од други земји) имаат навика да ја мијат косата наутро, а не навечер. Така, како резултат на навиката да ги правите нештата „мањана“ (утре), миењето на косата честопати се одложува сè до последен момент пред Шпанците да одат на училиште или работа. Тоа важи буквално за сите, од 7 до 77 години.
Повторување на придавките безброј пати
Кога ќе видите убава девојка, сосема е нормално да кажете: „Колку е убава девојкава“. Шпанците пак, барем три пати ќе го истакнат тоа, па очекувајте реченица од типот: „Колку е убава, убава, убава девојкава.“
Излегување во кафуле/бар со децата
Во Шпанија е сосема во ред да одите во бар со целото семејство. Навечер, па дури и доцна во ноќта, можете да ги видите родителите како се забавуваат, а на масата до нив – спијат нивните деца! Ова се смета за сосема нормално, а можеби и поради тоа Шпанците добро се справуваат со бучавата, со оглед на тоа дека се навикнати уште од детството…
Го лупат речиси секое овошје
Не само што лупат портокали, лимони и мандарини туку Шпанците го лупат речиси секое овошје, а за тоа има едноставно објаснување. Луѓето во руралните средини немале секогаш пристап до чиста вода, па за да се заштитат од штетните бактерии редовно го лупеле секое овошје. Ќе се согласите дека е навистина тешко да се ослободите од некои навики.
Поделба на сметката на еднакви делови
За разлика од германскиот модел на плаќање каде секој си плаќа она што си нарачал – кај Шпанците тоа е поинаку. Тие ја делат сметката на еднакви делови. Така, ако сте петмина, а сметката изнесува 100 евра, се очекува секој да плати по 20 евра, без разлика колку и да чини она што сте нарачале.
Страв од вторник
Според постарите Шпанци, луѓето во вторник не треба да организираат венчавки, да патуваат или да се селат. Се верува дека вторник е ден на богот на војната (Арес или Марс), па затоа е подобро да не се прави ништо тогаш…
Извор: dnevnik.hr