Неверојатна сцена снимена со камера за прв пат: 700 млади пингвини скокаат од карпа

Скоро 700 бебиња царски пингвини се снимени како нуркаат во студените води на Антарктикот за прв пат скокајќи од ледена карпа висока 15 метри.

Според експертите, нивниот прекрасен скок се смета за клучен „обред на премин“ до зрелоста за младите пингвини. Тоа е и нивно прво пливање. Ова е прв пат овој настан да биде снимен со камера, а снимката ќе биде дел од документарниот серијал наречен Тајните на пингвините.

Иако пилињата на царските пингвини обично скокаат од само неколку метри во океанот или се лизгаат во морето од снегот за прв пат, на неверојатната снимка снимена од истражувачот на National Geographic Берти Грегори, околу 700 пилиња скокаат од огромна ледена карпа.

Ги следеше два месеца
„Тоа се вика пердувување, кога првпат ќе испливаат“, изјави Грегори за Добро утро Америка. Грегори кампуваше на Антарктичкиот Полуостров каде следеше јато бебиња пингвини околу два месеци пред да биде сведок на овој неверојатен момент низ објективот на неговата камера.

„Обично скокаат од морскиот мраз кој е висок еден или два метри, но забележав дека оваа група се движи кон друго место. работ на огромна ледена карпа од 15 метри“, додаде тој.

Беспилотно летало сними сцена на пингвини кои стојат на работ од карпа и гледаат надолу во океанот. Конечно, еден бестрашен пингвин ја презеде контролата и храбро скокна во водата. „Еден по еден почнаа да скокаат од оваа ледена карпа за првпат да пливаат во Јужниот Океан“, рече Берти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни