Неуспех на Џеф Безос: Откажано лансирањето на ракета New Glenn поради “технички проблем”

Blue Origin е компанија која ја основал основачот на Amazon, Џеф Безос, во истото време кога Илон Маск, сопственик на Tesla, а подоцна и на платформата X, ја започнал својата компанија SpaceX.

Лансирањето на ракетата New Glenn на компанијата Blue Origin на американскиот милијардер Џеф Безос беше откажано во последен момент поради технички проблеми.

Висока околу триесет ката и делумно дизајнирана за повеќекратна употреба, ракетата New Glenn требаше да биде лансирана рано утрово од Cape Canaveral на Флорида.

Ракетата неколку пати го ресетираше одбројувањето, што го надмина временскиот рок за лансирање кој беше поставен за 4 часот наутро по локално време. Портпаролката на компанијата изјави дека тимот го истражува „неколку аномалии“.

„Се откажуваме од денешниот обид за лансирање поради решавање на проблем со подсистемот на леталото, што ќе го надмине рокот за лансирање“, соопшти Blue Origin.

„Ги истражуваме опции за нашиот следен обид за лансирање.“ Лансирањето би можело да биде одложено за најмалку 24 часа, но веројатно ќе потрае подолго бидејќи станува збор за високоризична мисија.

Blue Origin е компанија која ја основал основачот на Amazon, Џеф Безос, во истото време кога Илон Маск, сопственик на Tesla, а подоцна и на платформата X, ја започнал својата компанија SpaceX. Сепак, компанијата на Маск од тогаш лансирала повеќе од 400 ракети во орбитата, додека компанијата на Безос досега не лансирала ниту една, пишува BBC.

Безос се повлече од лидерската позиција во Amazon во 2021 година за да се фокусира на работата на Blue Origin.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни