Neuralink на Илон Маск вгради чип во мозок на трет човек

Чип од компанијата Neuralink на американскиот милијардер Илон Маск е вграден во мозокот на трет пациент, објави денеска американската агенција Блумберг.

Маск рече дека компанијата планира да инсталира околу 20 до 30 такви чипови оваа година.

„Сега имаме три лица на кои им е вграден чипот Neuralink и сите тие добро функционираат“, рече Маск на собир во Лас Вегас што беше емитуван на неговата социјална мрежа X.

Neuralink е една од сè поголемиот број компании кои развиваат мозочни импланти со цел да помогнат во лекувањето на болести како парализа и амиотрофична латерална склероза (АЛС).

Ова се експериментални процедури во кои електродите се вметнуваат во мозочното ткиво. Пред една година, компанијата Neuralink објави дека го вградила првиот таков уред кај пациентот Ноланд Арбо.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни