Холивуд во неизвесност: Повлекувањето на „Нетфликс“ од зделката со „Ворнер Брос“ отвора простор за нови отпуштања

Неочекуваната одлука на „Нетфликс“ да се повлече од планираното преземање на „Ворнер Брос Дискавери“ предизвика силни реакции во филмската индустрија. Веста, според американските медиуми, ја затекнала индустријата неподготвена и отвори прашања за идните корпоративни спојувања и можни отпуштања.

Според пишувањата, реакциите во компаниите биле различни. Додека во „Парамаунт“ владеело чувство на олеснување поради развојот на настаните, дел од вработените во „Ворнер Брос“ изразиле разочарување, со оглед дека очекувале „Нетфликс“ да понуди конкурентна понуда.

Потенцијалното спојување меѓу „Ворнер Брос“ и „Парамаунт“ би можело да донесе значителни преклопувања во телевизискиот сектор, особено меѓу студијата и продукциските капацитети. Според извори од индустријата, тоа би можело да резултира со нов бран намалувања на работни места, имајќи предвид дека слични процеси веќе се случија во CBS и „Парамаунт“.

Од друга страна, во „Нетфликс“ преовладува ставот дека повлекувањето е дел од стратегија за финансиска дисциплина, иако дел од вработените жалеа за пропуштената можност да се добие пристап до обемната архива и продукциски ресурси на „Ворнер Брос“.

Ситуацијата дополнително ја засилува неизвесноста во медиумскиот сектор, кој веќе се соочува со структурни промени, намалување на трошоци и реорганизации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни