Netflix реагираше: Ќе глуми ли ДиКаприо во трета сезона на серијата „Squid Game“?

Гласините беа подгреени и со фотографијата на корејскиот глумец, ѕвездата на Squid Game Ли Џанг-Јеа со ДиКаприо од 2021 година


Наскоро излезе втората сезона на серијата Squid Game на Нетфликс, а веднаш по нејзиното излегување почнаа гласините за следната, трета сезона. Третата и последна сезона на јужнокорејскиот дистопијски трилер пристигнува оваа година и има многу шпекулации за ликовите и играта.

Една од гласините е дека Леонардо ДиКаприо ќе се приклучи на глумачката екипа. Шпекулациите се засилија по објавата на корејското новинско издание OSEN. Тие нагласиле дека снимањето веќе е завршено и дека ДиКаприо ќе се појави во трета сезона, но дека ќе биде изненадување, пренесува Index.

„Кажано е дека тој нема долго да биде на екранот, а точниот лик се чува во тајност поради загриженост за спојлери“, пишува корејскиот магазин.

Гласините беа подгреени и со фотографијата на корејскиот глумец, ѕвездата на Squid Game Ли Џанг-Јеа со ДиКаприо од 2021 година.

Netflix одговори
Оваа вест брзо се прошири меѓу фановите на Squid Game, а многумина беа многу среќни поради тоа. Сепак, Нетфликс одговори на гласините и разочара многумина.

„Гласините се целосно неточни. Извештаите за учеството на Леонардо ДиКаприо во трета сезона на хит серијата се целосно неосновани“, рече претставник на Нетфликс за корејската агенција Sompi.

Во втората сезона се појави голема K-pop ѕвезда.Меѓу новите глумци во втората сезона е Чои Сеунг-хјун, кој го игра Тано, односно Играч 230, пензионираниот рапер зависник од таблети. Чои веднаш стана тема на разговор меѓу фановите на K-pop, бидејќи е познат како поранешен член на една од најуспешните корејски поп групи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни