Стриминг платформата „Нетфликс“ (Netflix) потпиша договор со американскиот филмски и телевизиски конгломерат „Ворнер Брос Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) за купување на студиото и стриминг бизнисот во вредност од 72 милијарди долари, објавија потписниците.
Тој договор би ги собрал двата најмоќни филмски и телевизиски гиганти под еден покрив, имајќи предвид дека „Ворнер“ е сопственик и на стриминг платформата „HBO Max“, како и на имотните права за прикажување на стриповите „DC Comics“ и книгите „Хари Потер“, како и на правата за хит сериите „Пријатели“, „Игра на тронови“, „Сопранови“ и „Бел лотос“.
Договорот за готовина и акции е вреден 27,75 долари по акција на „Ворнер“, што му дава вкупна вредност на претпријатието од приближно 82,7 милијарди долари.
Се очекува трансакцијата да се затвори откако „Ворнер“ формално ќе се одвои од „Дискавери Глобал“ во третиот квартал од 2026 година.
Ова преземање означува радикална промена во стратегијата на Netflix, кој досега не реализираше аквизиции од ваков обем.
Со купувањето, Netflix го купува HBO и неговиот каталог на хит серии, вклучувајќи ги „Бел лотос“ и „Сопранови“, како и имотните права на познати филмови и серии како „Хари Потер“ и „Пријатели“.
Конкурентската компанија „Парамаунт“ остро ги критикуваше овие преговори, сметајќи дека процесот бил нерегуларен и договорен во корист на „Нетфликс“.
Регулаторните ризици се значајни, бидејќи ова проширување на Netflix би можело да предизвика реакции од антимонополските регулатори во САД и Европа, додава њујоршката агенција.
Доколку регулаторите го одобрат преземањето на „Ворнер“ од страна на „Нетфликс“, заедно тие ќе имаат околу 450 милиони претплатници низ целиот свет, што гарантира силна доминација на пазарот.
