„Секој Ден Иста Ноќ“ не само што ги осветлува трагичните настани, туку ги следи и силните усилија на родителите на жртвите кои водат непрекината битка за правда. Оваа серија ќе ја раскаже нивната патека, полна со емоции, тагување и големи жртви, со цел да се задржи сеќавањето живо и да се спречи повторување на вакви трагедии во иднина.
Серијата ќе ги прикаже и правните битки, како и реакциите на луѓето кои се директно погодени од трагедијата. Освен тоа, серијата ќе го истражи и влијанието на трагедијата на заедницата и нејзината борба за помош и правда за сите жртви и нивните семејства.
Ова е обид да се осветли едно од најголемите трагични настани во новата историја на Бразил, како и да се потсети на важноста на одговорноста и безбедноста во јавните простори.