Гледачите го опишуваат како „морничав“, „шокантен“ и „неопходен за гледање“.
Четириделната серија го следи подемот и падот на Пи Диди (Шон Комбс) од амбициозен млад талент во Uptown Records до еден од најмоќните луѓе во хип-хоп индустријата, со својата империја Bad Boy Entertainment. Сепак, фокусот е на обвинувањата кои со децении го следат: сексуално злоупотребување, насилство и токсична злоупотреба на моќта.
Серијата излегува само неколку недели по неговата пресуда во октомври 2025 година, кога Комбс доби 50 месеци затвор за транспорт на лица со цел проституција, случај кој се надоврза на лавината нови тврдења што се појавија по тужбата на Касандра Венчур во 2023 година.
Документарецот ја отвора вратата кон темни делови од Комбсовата кариера, прикажувајќи сведоштва на поранешни соработници, партнери и жртви. Меѓу нив е и Обри О’Деј, чија исповед остави силен печат врз гледачите.
Фифти Сент – извршен продуцент и долгогодишен противник
Извршниот продуцент, Кертис „Фифти Сент“ Џексон, тврди дека повеќе од година дена собирал сведоштва од луѓе кои се плашеле да проговорат јавно додека Комбс бил на врвот на својата моќ.
Најконтроверзниот момент е досега необјавен видео запис од хотелска соба во Њујорк, направен само неколку дена пред апсењето на Комбс.
Неговиот правен тим го нарече „незаконски и манипулативен“, додека Нетфликс инсистира дека материјалот е прибавен законски и дека продуцентот нема креативна контрола.
Нови информации за убиства и стари тајни на хип-хопот
Серијата навлегува и во долгогодишните мистерии поврзани со убиствата на Тупак Шакур и Notorious B.I.G., со наводно нови информации кои фрлаат свежо светло врз легендарниот судир меѓу Источниот и Западниот Брег.
Двајца поротници од процесот против Комбс првпат зборуваат за начинот на кој ја донеле пресудата.
Во првите шест дена серијата собра 21,8 милиони прегледи и одлични критики, 89% на Rotten Tomatoes.
Прегледувачите го опишуваат како:
– „ремек-дело“
– „бескомпромисен документ за злоупотреба на моќта“
– „истоштувачко дело, но неопходно“
The Independent го нарече документарниот филм нарече „страшен а и исцрпувачки“, а The Guardian ѝ даде 4 од 5 ѕвезди со коментар:
„Ако Комбс навистина биде ‘откажан’ со вакви докази, тоа ќе биде вистинско чудо.“
Со комбинација од инсајдерски сведоштва, никогаш претходно објавени снимки и децениски обвинувања, документарната серија покрена огромна јавна дискусија за моќта, славата, насилството и за тоа како музичката индустрија со години игнорирала сериозни предупредувања за едно од своите најголеми имиња.
Извор: N1info.rs
