Стриминг услугата Netflix повторно ги зголемува цените на сите свои претплатнички пакети, што влијае на милиони корисници во Соединетите Американски Држави. Обожавателите на документарци, ријалити серии и драми со голем буџет ќе мора да издвојат повеќе пари за да пристапат до својата омилена содржина, што предизвика бран незадоволство на социјалните медиуми.
Нов ценовник за американскиот пазар
Според новите цени објавени на официјалната веб-страница, најевтината опција со реклами ќе се зголеми од претходните 7,99 долари (околу 7,35 евра) на 8,99 долари (околу 8,25 евра) месечно. Цената на стандардниот пакет ќе се зголеми за два долари и ќе изнесува 19,99 долари (околу 18,35 евра), додека корисниците на премиум пакетот сега ќе плаќаат 26,99 долари (околу 24,80 евра) месечно наместо 24,99 долари (околу 22,95 евра).
За корисниците на Нетфликс во Македонија цените се движат од 4,99 евра па до 9.99 евра и за сега нема инофмрација дали ќе поскапат.
Но, одлуката да се зголемат цените во САД предизвика бројни негативни реакции од претплатниците. „Подобро би ги потрошил тие пари на мистериозен пијалок во некој сомнителен бар за барем да имам добра приказна да раскажам“, коментираше еден корисник. Други беа подиректни: „Збогум Нетфликс“, рече корисникот Х на социјалната мрежа.