Нетфликс ги предупредува корисниците за измама

Нетфликс ги советува своите корисници да бидат внимателни поради измамата што се шири. Во текот на викендот, многу корисници добиле е-маил со наслов „Ве молиме ажурирајте ги вашите детали за плаќање“, пишува The Mirror.

Пораката делува како редовен автоматизиран одговор на Netflix, кога има проблем со сметката што е заклучена поради проблеми со плаќањето.

„Вашата сметка е блокирана. Ажурирајте ги вашите информации за плаќање. Имаме потешкотии со вашите тековни информации за наплата. Ќе се обидеме повторно, но можеби ќе сакате да ги ажурирате вашите информации за плаќање“, се вели во лажната порака. Пораката е со типичниот дизајн на Нетфликс, неговата препознатлива црвена боја и фонт, па дури и има и линкови што изгледаат како официјалната страница за помош.

За жал, хакерите можат да собираат чувствителни информации на овој начин, вклучувајќи банкарски податоци, кредитни картички, домашни адреси и лозинки за најавување. Оние кои станаа жртви на измамата со кликнување на линкот беа пренасочени на подеднакво убедлива веб-страница.

Овде, од корисникот се бара да ги внесе своите корисничко име, лозинка, адреса и детали за картичката, сето тоа под маската на одблокирање на блокирана сметка. Некои знаци дека пораката не е автентична ја вклучуваат адресата од која е испратена – во овој случај, е-маил на iCloud – и URL-то на веб-локацијата до која води.  Официјалните пораки од Нетфликс секогаш доаѓаат од адреса што завршува со netflix.com.

Нетфликс вели дека никогаш нема да бара лични информации преку текст или е-маил и ги информирал корисниците дека доколку станат жртва на измама, треба да ја сменат лозинката на Нетфликс (преку официјалната веб-страница или апликација) и да ја известат својата банка.

Џејк Мур, глобален советник за сајбер-безбедност во безбедносната фирма ESET, изјави за Дејли Меил дека злонамерните и убедливи е-маилови се во пораст поради употребата на вештачка интелигенција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни