Веќе неколку години, првата сезона од серијата Wednesday е на врвот, а единствената серија од 2025 година која се проби меѓу трите најгледани е британската мини-серија Adolescence.
Adolescence
Оваа крими-драма го следи тринаесетгодишниот Џејми Милер, обвинет за убиство на својата училишна другарка. Со само четири епизоди, серијата стана глобален феномен благодарение на актуелната тема, техничката иновативност и брилијантната актерска игра. Секоја епизода е снимена во еден непрекинат кадар, што дополнително ја засилува напнатоста.
Извршен продуцент е Бред Пит, а неговата компанија Plan B Entertainment активно учествувала во развојот. Серијата отвора важни прашања за сајбер насилството, токсичната машкост и влијанието на социјалните мрежи врз младите, и поради тоа има силен одек кај публиката – особено меѓу родителите и тинејџерите.
Wednesday – сезона 1
Стигна на Нетфликс во 2022 година и ги следи авантурите на Венздеј Адамс (Јена Ортега) во интернатот „Невермор“. Дел од актерската екипа се и Кристина Ричи, Гвендолин Кристи и Ема Мајерс, а четири од осум епизоди ги режираше Тим Бартон. Серијата освои четири Еми награди и стана втора најгледана англиска серија на Нетфликс.
Stranger Things – сезона 4
Четвртата сезона ја врати публиката во Хокинс во 1986 година, каде мистериозни убиства и нови закани од „Обрнатиот свет“ ја зголемија тензијата. Новиот негативец Векна и заплетот околу Еди Мансон беа клучни елементи за успехот на оваа сезона.
Dahmer
Серијата Dahmer – Чудовиште: Приказната за Џефри Дамер раскажува за животот и злосторствата на еден од најпознатите сериски убијци. Евн Питерс во главната улога и мрачната атмосфера предизвикаа бројни реакции, но и критики за начинот на кој се прикажани жртвите.
Bridgerton – сезона 1
Сè уште една од најгледаните серии на сите времиња. Снимена по романите на Џулија Квин, првата сезона ја следи Дафни Бриџертон и нејзината фиктивна врска со војводата Сајмон Басет, која прераснува во вистинска љубов.
Овие серии, секоја на свој уникатен начин, покажуваат колку различни жанрови и теми можат да го освојат вниманието на публиката ширум светот.