Нетанјаху изјави дека ќе продолжат нападите врз Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави продолжување на нападите врз Иран, додека тензиите во регионот дополнително се зголемуваат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Иран. Тој рече дека целта е „да му се помогне на иранскиот народ да ги симне оковите на тиранијата“, но додаде дека „на крајот тоа зависи од нив“.

„Но нема сомнеж дека со она што досега го направивме им ги скршивме коските“, рече Нетанјаху за време на состанок со раководителите на израелските болници и здравствениот систем.

Утрово една од ракетите лансирани од Иран била пресретната, додека друга паднала во морето во близина на Тел Авив.

Израелската армија предупреди дека наскоро планира напади врз јужните либански градови Тир и Сидон, познати и како Сур и Саида.

Портпарол на армијата изјави дека израелските сили „во блиска иднина“ ќе гаѓаат цели на Хезболах и им порача на жителите да се оддалечат „најмалку 300 метри“ од означените подрачја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни