Нетанјаху со нов услов: Сеопфатно ослободување на сите заложници и разоружување на Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху бара целосно ослободување на сите заложници и исполнување на услови како разоружување на Хамас и демилитаризација на Газа, пред да се прифати нов мировен договор.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи по повод наводите дека движењето Хамас повторно е подготвено за договор за примирје и ослободување на заложници по фази.

Хамас истакна дека Израел инсистира на сеопфатен договор според кој сите заложници би биле ослободени веднаш, а сите услови на премиерот би биле исполнети.

„Кабинетот на премиерот прецизира дека Израел ќе прифати договор под услов сите заложници да бидат ослободени заедно, и ако бидат исполнети нашите услови за завршување на војната, кои вклучуваат разоружување на Хамас, демилитаризација на Појасот Газа, израелска контрола врз подрачјето околу Газа и воспоставување власт без Хамас и Палестинската управа – која би живеела во мир со Израел,“ се наведува во соопштението, пренесува „Times of Israel“.

Преговори и нови сигнали од Хамас

Преговарачите на Хамас оваа недела на преговорите во Каиро сигнализирале подготвеност да ги ублажат барањата што ги изнесоа минатиот месец, што доведе до неуспех на разговорите за заложници во Доха, според неименуван израелски функционер и еден арапски дипломат запознаен со прашањето.

Во последниве денови имало повеќе информации за покажана флексибилност од страна на Хамас и нивна можна подготвеност да се вратат на предлогот на американскиот посредник Стив Виткоф за 60-дневно примирје и ослободување на заложници, во рамки на кое половина од живите заложници би биле пуштени на слобода, со можност за понатамошни преговори за траен прекин на војната.

Израелскиот Канал 12 вчера јави дека Нетанјаху неодамна добил „драматичен“ документ од „професионален“ извор вклучен во преговорите, во кој е изразена подготвеност на Хамас да постигне делумен договор, по долгото инсистирање на движењето дека ќе ослободи уште заложници само во замена за јавно прифаќање на трајно примирје од страна на Израел.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни