HAPIH повлече производ на Nestlé поради присуство на токсин

Производот за бебиња е повлечен од продажба поради утврдена опасна супстанца

Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH) соопшти дека Државниот инспекторат наредил повлекување на производот Nestlé Beba Supreme Pre 800 g, откако во него било утврдено присуство на токсин cereulide.

Станува збор за производ со EAN ознака 7613287226631, од серија 51460742F1, со рок на употреба „најдобро да се употреби до 05.2027“, произведен од компанијата Nestlé Deutschland GmbH.

Надлежните институции информираат дека производот не е во согласност со европската регулатива за безбедност на храната, која ги утврдува основните принципи и услови за законодавството во оваа област, како и процедурите поврзани со безбедноста на храната.

Производот е повлечен од продажба во продавниците Müller, кои на својата официјална интернет-страница објавија детали за повлекувањето и упатија апел до потрошувачите да не го користат производот, туку да го вратат во продавниците каде што е купен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни