Управата за Хидрометеоролошки работи во временската најава за понеделник и вторник, известува за променливо облачно и нестабилно време со дожд кое ни претстои во понеделник и вторник, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса.
Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има појава на пообилни врнежи, ветер и изолирана појава на град.
Денес, времето ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локални врнежи и грмотевици. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени.
За време на непогодните услови се препорачува граѓаните да избегнуваат активности на отворено, да бидат претпазливи и да ги преземат мерките за заштита кои се подразбираат при нестабилни временски услови.
Стабилизација на временските услови се очекува од среда. Ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.