Речиси 50 лица загинаа во саботата во стар рудник за бакар на јгоистокот на Конго, откако се урнал сводот, соопшти Агенцијата за занаетчиско рударство на Конго.
Официјален претставник на агенцијата потврди дека загинале 49 лица, додека 20 се пренесени во болница во критична состојба по инцидентот кој се случил во рудникот Каландо во провинцијата Луалаба, јавува Ројтерс.
Занаетчиското рударство во Конго вработува околу 1,5 до 2 милиони луѓе и индиректно издржува повеќе од 10 милиони жители.
