Несреќа во Ново Лисиче – семафор падна врз жена, итно пренесена во болница

Во попладневните часови во скопската населба Ново Лисиче, спроти трговскиот центар „Лиса Центар“, се случи несреќа кога семафор паднал врз жена што се движела по улицата.

На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која ѝ укажала прва помош и ја пренела жената во болница.

Засега не е позната нејзината здравствена состојба, а полицијата е на терен и врши увид за да ги утврди причините за падот на семафорот.

Повеќе информации за инцидентот се очекуваат во текот на денот.

Извор: Фокус

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни