Инцидентот се случил околу 11:25 часот на крстосницата меѓу булеварот „Видое Смилески-Бато“ и сервисната улица кај трговски центар. Возилото, управувано од Т.Н. од Скопје, најпрво удрило во пешаците Г.К. (40), М.К. (39) и две малолетнички, а потоа се забило во семафор.
Пешаците се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им се укажува медицинска помош. Полицијата изврши увид и го истражува случајот за да се утврдат причините за несреќата.
Извор: News24live
