Несреќа на автопатот во Белград: Се судрија автобус и два автомобили, има повредени

Од Министерството за внатрешни работи за порталот потврдиле дека несреќата се случила во правец кон Шид, а во сударот учествувале автобус и две патнички возила. Полицијата сè уште е на терен и врши увид.

Во сообраќајна несреќа што се случила утринава во 9:45 часот кај една бензинска пумпа на автопатот во Белград, во близина на исклучокот за Нови Сад, има повредени лица, дознава Euronews Србија од неофицијални извори.

Од Министерството за внатрешни работи за порталот потврдиле дека несреќата се случила во правец кон Шид, а во сударот учествувале автобус и две патнички возила. Полицијата сè уште е на терен и врши увид.

Неофицијално, едно лице е повредено и префрлено во Земунската болница каде што му се укажува натамошна помош.

Дека се случила несреќа потврдува и објава на страницата „serbialive_beograd“ каде е објавено видео од местото на настанот, на кое се гледа дека станува збор за градски автобус кој е значително оштетен.

„Автобусот поминал преку банкина од спротивната страна и при тоа се судриле и два автомобили. Автопат Белград – Нови Сад, близу аеродромот“, се наведува на профилот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни